дома Свет На Трамп мy ce лoши..: Oвa e пpвaтa oдлyкa нa Бајден кaкo...

На Трамп мy ce лoши..: Oвa e пpвaтa oдлyкa нa Бајден кaкo пpeтceдaтeл нa САД

Американскиот претседател Џо Бајден донесе извршни одлуки во текот на првиот ден од неговиот претседателски мандат. Тоа се задолжително носење маски низ целата земја во федералните институции и организации, како и враќање на Соединетите држави во Парискиот климатски договор.

Бајден ја воведе обврската да се носат маски во борбата против вирусот корона во следните 100 дена во сите сојузни згради, како и задолжителното физичко растојание. Тој не може да им ја препише таа обврска на сојузните држави, но таа ќе се однесува на целиот федерален имот, вклучувајќи го и патувањето на сојузно ниво.

Новиот американски претседател одлучи да ги врати САД во Парискиот климатски договор, од кој излезе Трамп, пренесуваат американските медиуми.

Бајден исто така ја одзеде клучната лиценца за нафтоводот Кејстон кој води од Канада кон САД и е долг 1.200 милји. Тој нафтовод е на удар на екологистите, особено што пренесува нафта добиена од нафтени шкрилци. Затоа реагираше канадскиот премиер Џастин Трудо, кој изјави дека е разочаран од ваквата одлука.

Како што е најавено, Бајден исто така ќе запре со изградбата на зидот на границата со Мексико, ќе ги врати Соединетите држави во Светската здравствена организација, ќе обезбеди нови пакети со економска помош и олеснување поради пандемијата и ќе ја укине забраната за влез во САД од неколку исламски земји.