дома Култура НА ФИЛМСКИОТ ФЕТИВАЛ ВО МИНХЕН: Нова награда за режија за филмот на...

НА ФИЛМСКИОТ ФЕТИВАЛ ВО МИНХЕН: Нова награда за режија за филмот на Теона Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија”

На штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен, филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска „Господ постои, нејзиното име е Петрунија” ја освои наградата за најдобра режија, соопштија од продукцијата „Митевски“.

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа. Жирито беше составено од филмски професионалци, филмски новинари, кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5. 000 евра, а се доделуваат од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија започнува во месец ноември.