„Уште еден чекор поблиску до НАТО. Новата шпанска Влада на премиерот Санчез вчера го изгласа предлогот за ратификација на Протоколот за членство на Република С Македонија во НАТО“. Ова на фејсбук го напиша Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи.
-Искрена благодарност до шпанските колеги за големата поддршка на нашата земја и нашите граѓани, особено што целата активност се изведе по итна постапка. Сега процедурата продолжува во Парламентот на Шпанија, напиша Жерновски.