дома Македонија НА ЧЕЛО НА БЈБ НЕМА КОЈ: Бесир Дехари на чело на БЈБ...

НА ЧЕЛО НА БЈБ НЕМА КОЈ: Бесир Дехари на чело на БЈБ сѐ додека не биде назначен нов директор

Со Бирото за јавна безбедност ќе раководи заменик директорот Бесир Дехари откако Лазе Велковски беше разрешен на вчерашната владина седница.

Дехари ја извршува функцијата заменик-директор во БЈБ повеќе години. Работел на таа функција и во време на претходната власт, па му беше заменик и на Митко Чавков.

Како што велат од МВР новиот директор кој ќе седне на фотелјата по Велковски треба да го предложи министерот Оливер Спасовски и предлогот да се разгледа на владина седница.

За сега во јавноста се вртат неколку имиња за следниот директор на полицијата. Меѓу нив е поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ, Сашо Тасевски кој е началник на Шестата управа и Кирил Митиќ кој е долго време во МВР.