дома Религија На 18 години беше подложен на мачење за верата, денес го славиме...

На 18 години беше подложен на мачење за верата, денес го славиме Светиот мaченик Јулијан Тарсиски

Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, поcтрада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, Свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие.

Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мaчејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во зaтворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во cмрт. Тогаш мaчителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умpе мачeнички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погрeбаа во Александрија, во 290 година.

Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога Свети Јован Златоуст одржа пофално слово за Светиот мaченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избeзумен или дeмонизиран и приведи од нив кај овој свет грoб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (дeмонот) веднаш ќе отскокне и ќе побeгне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на Свети Јулијан.