дома Спорт НА 19 ГОДИНИ МУ НУДАТ 15 МИЛИОНИ ЕВРА: ПСЖ му нуди 15...

НА 19 ГОДИНИ МУ НУДАТ 15 МИЛИОНИ ЕВРА: ПСЖ му нуди 15 милиони евра плата Де Лихт

Парис Сен Жермен е подготвен да плати 90 милиони на Ајакс за да го привлече дефанзивецот Матиас де Лихт, објави шпански „Спорт“. Шампионите на Лига 1 му нудат 19-годишниот холандски репрезентативец плата од 15 милиони евра по сезона.

Де Лихт одигра многу силна сезона, откако помогна на клубот од Амстердам да освои двојна круна во Холандија и да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој постигна 7 гола и 4 асистенции во 55 дyeли за Ајакс.

Голем број водечки европски клубови, меѓу кои и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Барселона,се заинтересирани за неговите услуги