дома Македонија НА 7-МИ МАЈ: Папата Франциск ќе биде последниот лидер со кој ќе...

НА 7-МИ МАЈ: Папата Франциск ќе биде последниот лидер со кој ќе се сретне претседателот Иванов

На 7-ми мај во 8:30 часот од Софија на скопскиот аеродром ќе слета поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. На меѓународниот аеродром Скопје со највисоки почести ќе го пречекаат шефот на државата во заминување, претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев.

Во авионот со кој ќе пристигне папата се и високодостојници од Ватикан и 65 новинари кои ќе ја следат неговата посета на Софија и Скопје. Новинарите кои патуваат со папата се од европските медиуми и новинарски агенции тие ќе искешираат по околу 6 илјади евра за да бидат во придружбата и да ја следат оваа прва посета на папата на Македонија.

Безбедноста за време на престојот на папата во Скопје ќе биде од највисок прв степен, а 7-ми мај ќе биде неработен ден во Македонија. Автобусите на ЈСП се планира тој ден да возат бесплатно а најверојатно ќе има и бесплатни возови за оние од внатрешноста кои ќе сакаат да дојдат во Скопје за да присуствуваат на литургијата на папата на плоштадот во Скопје.