На Haвaлни мy ce зakaнyвaaт двe и пoл гoдини зaтвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сослушувањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални започна денес пред судот во Москва поради кршење на условната пресуда, пренесува новинарката на „Франс прес“.

Навални (44) се соочува со две и пол години затвор за кршење на условна казна според пресудата за перење пари во 2014 година, која се смета за политички мотивирана.

Навални беше уапсен на 17-ти јануари по враќањето од Германија, каде што пет месеци закрепнуваше од труење со нервниот агенс новичок, за што го обвини Кремљ. Руските власти ги негираа обвинувањата.

Францускиот печат претходно објави дека полицијата уапсила неколку лица пред судот, додека тимот на рускиот опозиционер повикал на протест.

Невладината организација ОВД-Инфо објави дека се уапсени најмалку 24 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This