дома Актуелно НА KPИMИНАЛЕН НАЧИН ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБBИНИТЕЛСТВО

НА KPИMИНАЛЕН НАЧИН ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБBИНИТЕЛСТВО

Законот за јавното обвинителство беше донесен со 80 гласови „За“ и 6 гласови „против“, но на второто гласање, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека го поништува првото гласање, поради, како што рече, тоа што на некои пратеници не им бил евидентиран гласот.

 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се обрати процедурално по гласањето, а кога излезе на говорницата, викаше „Криминалци, криминалци!“ на пратениците од владејчкото мнозинство.

Тој рече дека побарал процедурално обраќање додека траеше процедуралното обраќање на пратеникот Ферид Мухиќ, но дека Џафери не му дал да се обрати.

Мицевски побара да важи првото гласање, а Џафери рече дека морал да ги испочитува повиците на дел од пратениците кои се пожалиле дека не им бил регистриран нивниот глас.

На првото гласање имаше 74 гласа за и 32 гласа против.

Во моментов пратениците се на пауза од 1 час, на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=fpkq3_iHfOw&feature=youtu.be