дома Македонија НЕБУЛОЗА НЕВИДЕНА: Прво 58-часовен полициски час, па штом заврши – отворање на...

НЕБУЛОЗА НЕВИДЕНА: Прво 58-часовен полициски час, па штом заврши – отворање на рестораните

Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека тие ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок.

-Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата, рече Филипче.

Неговата изјава доаѓа по веста за долгиот полициски час кој почнува од 19 часот в сабота и трае се до вторник во 5 часот наутро или цели 58 часа. Ако го издржите, утредента најверојатно ќе можете да одите во кафеана за да прославите што сте издржале и сте минале 58 часа дома?!

Мислеше ли некој на последиците и домино ефектот на чинот по 58 часа полициски час утредента да се овозможи отворање кафеани и ресторани?

Очигледно, не…