дома Спорт Неверојатен триумф: Македонија славеше со 5:0 против репрезентацијата на Лихтенштајн

Неверојатен триумф: Македонија славеше со 5:0 против репрезентацијата на Лихтенштајн

Репрезентацијата на Македонија славеше против Лихтенштајн во натпревар од 2. коло од квалификациите за Светското првенство.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра селекција триумфираше со 5:0.

Енис Барди го отвори резултатот, Александар Трајковски постигна два гола, а стрелци беа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

По овој меч, „црвено-жолтите“ се трети на табелата во групата Ј со 1 победа и 1 пораз. Германија и Романија имаат 100 отстотен учинок во нашата група по два одиграни натпревари.