НЕВЕРОЈАТНА ОДЛУКА НА СУДОТ: Северина ,,полуде“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На судењето во Загреб, е донесена првостепена пресуда со која пејачката и бизнисменот од денес имаат рамноправност, заедничко старателство над нивниот син Александар, а судот ги утврдил сите детали.

Со оваа пресуда малолетниот Александар ќе живее наизменично седум дена со мајката Северина, седум дена со таткото Милан.

Кога пред неколку години беше покренато прашањето околу старателството, Милан Поповиќ единствено што сакаше е тој и мајката на детето , да бидат рамноправни во животот на малиот Александар и заедно да ги носат одлуките поврзани со неговото растење , воспитување и неговата иднина.

Со оваа одлука паѓаат тврдењата на Северина дека таткото го киднапирал Александар.

Всушност, ако еден од родителите биде спречен да биде со детето повеќе од 48 часа во континуитет, должен е да го извести другиот родител и да му овозможи детето да престојува со него.

Милан на почетокот сакаше да воспостави комуникција со Северина околу овие прашања, но таа одбивала секаква комуникација. Со последната пресуда Судот има утврдено дека тие двајца најмалку два пати неделно мора да разменат важни информации за детето може и по телефон, преку СМС или на мејл.

Северин има право на жалба пред Жупанискиот суд.

Во врска со ова се огласи нејзиниот менаџер:

– Северина не е задоволна со пресудата бидејќи истата не е за доброто на нејзиниот син и секако дека ќе ја обжали. Од судијката Верица Никиќ ништо друго неможеше да се очекува. Таа до сега донесе две пресуди на штета на детето на Северина и двете и се укинати од повисоките судови.  На пример, познато е дека за истото дело , но друг судија пресуди дека неможе нема законска можност времето на детето да се дели на пола-наведува Томислав Петровиќ.

За разлика од Северина, Милан е задоволен со пресудата и видно среќен.

– Нашиот син е победник! Александар конечно доби право подеднакво да го поминува времето со двајцата родители, и со мајката и со таткото. Браво за хрватското правосудство.

Вчера кога беше донесена пресудата, Северина не беше таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This