дома Европа НЕВЕРОЈАТНО:Пронајден прстен со ликот на Свети Никола од 12 век

НЕВЕРОЈАТНО:Пронајден прстен со ликот на Свети Никола од 12 век

Млад градинар од Израел пронашол добро зачуван бронзен прстен со ликот на Свети Никола, соопшти денеска Израелската управа за антиквитети.

Работејќи во градината во селото Јогев, на северот од Израел, Декел Бен-Шитрит (26) здогледал прстен за кој се верува дека е стар 700 години.

Археолозите проценуваат дека прстенот потекнува меѓу 12 и 15 век.

Фотографијата од прстенот ја објавил на Фејсбук, а неговиот сосед Дрор Бен Јосеф, еден од директорите на Израелската управа за природа и паркови, го советувал да разговара со надлежните од Управата за антиквитети.