дома Занимливости НЕВЕРОЈАТНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ: На градилиште во Мексико откриени коски од 60 прaисториски...

НЕВЕРОЈАТНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ: На градилиште во Мексико откриени коски од 60 прaисториски мамути

На градилиште за време на работата на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити се пронајдени коски на повеќе од 60 прaисториски мамути.

Како што соопшти Националниот институт за антропологија и историја, се смета дека коските се од пред 15.000 години и припаѓаат на колумбиски мамут.

За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски и од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.

Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека претходно, остатоци од 14 мамути биле пронајдени во областа Тултепека минатата година.