дома Занимливости Неверојатно видео: НБА-ѕвезда го спаси синот од давење

Неверојатно видео: НБА-ѕвезда го спаси синот од давење

НБА кошаркарот Андре Драмонд го спаси својот двегодишен син Дион од давење во базен, откако момчето паднало во водата, а ѕвездата веднаш реагираше.

На Твитер објави снимка од надзорната камера на која точно се гледа што се случи на базенот.

„Сите херои не носат маски. Најлошиот кошмар на секој родител“, напиша кошаркарот во описот на снимката.

Драмонд минатата сезона играше за Лос Анџелес Лејкерс, а во новата сезона ќе го носи дресот на Филаделфија.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.