дома Спорт Неверојатно достигнување: Јубилеен 100ти гол за нашата гордост Пандев

Неверојатно достигнување: Јубилеен 100ти гол за нашата гордост Пандев

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата класа во Серија А. Гранде Пандев за само 20-тина минути постигна два гола за својата Џенова во натпреварот против Беневенто во Серија А и дојде до неверојатно достигнување. Тој го постигна јубилејниот 100. погодок во Серија А со што стана рекордер помеѓу фудбалерите кои доѓаат од Балканот и поранешната СФРЈ.

Првиот гол, Пандев го постигна во 11 минута со кој израмни на 1:1 откако во петтата минута Виола стрелаше за гостите. Вториот гол Пандев го даде во 21. Минута, откако претходно Лападула по втор пат му донесе предност на Беневенто.