April 25, 2024, 12:48 pm

Неверојатно откритие во вселената кое може да ја забрза потрагата по живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откривањето на „мини Нептун“, нова класа планети покриени со океани надвор од Сончевиот систем, може да ја забрза потрагата по вонземски форми на живот.

Во потрага по живот надвор од Сончевиот систем, научниците досега бараа планети слични по големина, маса, температура и атмосфера со Земјата, но астрономите од Универзитетот во Кембриџ веруваат дека новооткриените вселиви планети како „мини-Нептун“ нудат подобри шанси за пронаоѓање вонземски живот, а воедно се и побројни и полесни за набљудување, објави „Индипендент“.

Според студијата, објавена во „Astrophysical Journal“, таканаречените „хајсин“ планети се топли, покриени со океани со атмосфера полна со водород, што ги зголемува шансите за пронаоѓање живот надвор од Сончевиот систем во следната две до три години.

„Хајсин“ планетите отвораат цела низа можности во нашата потрага по живот надвор од Земјата “, рече Нику Мадхусен од Институтот за астрономија во Кембриџ, кој ја водеше студијата.

Овие планети, додаваат истражувачите, честопати се нарекуваат „супер-Земји“ или „мини-Нептуни“ и се околу 2,6 пати поголеми од Земјата, а температурите во атмосферата достигнуваат близу 200 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This