дома Свет НЕВИДЕНО МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС: Островот кој го зафати катастрофален земјотрес, издигнат за 25...

НЕВИДЕНО МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС: Островот кој го зафати катастрофален земјотрес, издигнат за 25 центиметри – сруши 68.000 куќи!

Силниот земјотрес кој го погоди Ломбок во Индонезија, во кој околу 400 луѓе настрадаа, го издигнал сотровот за 25 центиметри, соопштуваат научниците

Според најновите податоци на националната агенција за ублажување на катастрофи, во земјотресот загинале 387 лица.

Спасувачките тимови и понатаму ги пребаруваат рушевините трагајќи за заробени лица.

Научниците на НАСА и Калифорнискиот институт за технологија на осова на сателитските снимки од Ломбок, направени по земјотресот на 5. август, воочиле промена на површината на островот.

На северозападот на островот, во близина на епицентарот, површината на земјата е издигната за 25 центиметри, додека на други места опаднала за пет до 15 центиметри

Околу 390.000 луѓе, што е 10% од популацијата на Ломбок, останале без својот дом. Во земјотресот се уништени околу 68.000 куќи, јавува АП.