дома Временска Прогноза НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ХАОС: АМСМ предупредува, внимателно движење по патните правци!

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ХАОС: АМСМ предупредува, внимателно движење по патните правци!

Сообраќајот на патишта во државата се одвива по наместа влажни коловози.

Од Авто мото сојузот информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.