дома Временска Прогноза Невреме со град во преспанскиот регион, врнеше во уште неколку делови од...

Невреме со град во преспанскиот регион, врнеше во уште неколку делови од земјата

УХМР информира дека попладнево земјата беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови.
Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи силен ветер и појава на град, велат од УХМР.
Наврнат воден талог до 20 часот (во л/м2): 18 Тополчани, 15 Маврово, 7 Прилеп, 5 Тетово, Битола, Попова Шапка, 3 Претор, 2 Берово.
Удари на ветер (во км/ч): 63 Охрид, 58 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 45 Штип.