Вработените во образовниот сектор се уште ги немаат земено јулските плати велат од Независниот синдикат за образование и наука. Синдикатот побара од Министерството и општините да не ги деградираат работниците во образованието.
Од синдикатот велат дека непристојно е за држава која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата.
Од Министерството за образование соопштија дека платите на вработените во средно образование се веќе на нивните трансакциски сметки, додека за платите на вработените во основно, Министерството ги спровело сите потребни процедури.
“Министерстовото за образование и наука ги испрати сите документи потребни за исплата на платите до Министерството за финансии од каде што добивме повратна информација дека се е подготвено за реализација на платите на вработените до основнните училишта. Па така, сега останува училиштата да ги продолжат понатамошните процедури за финансиски трасфери, така штио платите на вработените ќе се пренесат на нивните трансакциски сметки.”
Во соопштението од Министерството стои дека прават напори не само да се избегне доцнењето на платата, туку и наскоро да се направи зголемување на платите на вработените во училиштата.