дома Хроника НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ОД КИЧЕВО ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Алит Абази е во кома...

НЕЗАВИСНИОТ КАНДИДАТ ОД КИЧЕВО ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Алит Абази е во кома и на вештачко дишење!

Критична и неизвесна е здравствената состојба на носителот на независната советничка листа во Кичево Алит Абази. Лекарите го држат во вештачка кома.


– Се следи неговата состојба секој момент, во моментот е на аспиратор, на вештачко дишење, во вештачка кома во која планираме да го држиме до утре за да можеме да бидеме сигурни дека пацинетот е стабилен и полека, полека да го разбудиме од анестезијата – вели Илир Хасани, Клиника за трауматологија.

На скопските клиники е и шефот на изборниот штаб на Абази, Дестан Адиу. Тој има повреда на ногата, но е надвор од животна опасност. Од Основното јавно обвинителство – Гостивар информираат дека 58-годишниот напаѓач во повредените пукал од зад грб, а од СВР Охрид потенцираат дека пиштолот го поседувал без дозвола.

Неофицијално, меѓу напаѓачот од кичевското село Горно Строгомиште и меѓу Абази од поодамна постоеле несогласувања, кои најверојатно вчера кулминирале.