дома Балкан НЕЗАПАМЕТЕНА БУРА ВО ХРВАТСКА:Ветерот во Далмација корнеше сообраќајни знаци

НЕЗАПАМЕТЕНА БУРА ВО ХРВАТСКА:Ветерот во Далмација корнеше сообраќајни знаци

Во делови од Далмација дува најсилната бура некогаш измерена, а утринава во 4 часот во Сплит бил измерен удаp на бура од дури 176 км/ч. Невpемето го погоди целиот регион.

Бурата во Далмација е најголемата позната брзина измерена во тој регион. Во одделни делови од Сплит гранки и дрвја паднаа по патиштата, а силниот ветер ги коpнел и сообраќајните знаци.

Ветерот туркал стебла и далеководи, во прекин се трактните линии, потопени се неколку јахти, а затворени се и одредени делови од автопатите.

Затворен е автопатот Риека-Загреб помеѓу јазлите Киковица и Делнице, како и државниот пат Масленица – Затон Обровачки.