дома Актуелно НЕЗАПАМЕТЕН ПРЕСЕДАН ВО СУДОТ ОД СПЕЦИЈАЛКИТЕ: Фатиме Фетаи во судот се пофали...

НЕЗАПАМЕТЕН ПРЕСЕДАН ВО СУДОТ ОД СПЕЦИЈАЛКИТЕ: Фатиме Фетаи во судот се пофали со способноста за глума

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денес на рочиштето за случајот во општина Центар кој претставуваше незапаметен преседан направен поради бруталност и некултурно однесување, се пофали дека има способност да глуми и тоа јавно го истакна како доблест.

Практично, Фетаи тоа денес и го покажа. Имено, судијката Татјана Михајлова откако го одложи распитот поради немање услови за работи и постојаните навреди од специјалните обвинителки Фетаи и Катица Јанева, Фетаи на понудениот термин во март за одржување на следното рочиште арогантно посочи дека не може да присуствува бидејќи била на стоматолог.

На вториот понуден термин од судијката Михајлова, Јанева истакна дека не можела на тој ден бидејќи сакала да слави ден на правосудството.

За време на рочиштето, судијката ги казни двете обвинителки со по 2.000 евра поради навреди и недолично однесување, на што тие одговорија дека народот ќе плател.