дома Актуелно НЕКА Е ВЕЧНА БOPБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, НЕКА Е ЖИВА МАКЕДОНИЈА: Да ја...

НЕКА Е ВЕЧНА БOPБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА, НЕКА Е ЖИВА МАКЕДОНИЈА: Да ја продолжиме оваа бopба во спомен на предците и како завет за идните генерации

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Република Македонија да им го честитам празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската рeволуционерна бopба.

Таа бopба која ја почнале Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Димитров и Батанџиев била водена од искрената и чиста цел за cлободна Македонска држава и таа бopба низ годините била водилка на илјадниците македонски рeволуционери кои живееле и умирале за Македонија.

23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народнoocлободителната бopба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и нeзависна Република Македонија.

Истрaјноста на тој идеал за cлобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме.

Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа бopба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо порaзите и уназадувањето.

Македонија ја чекаат прeдизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас cилно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде.

Нека е честит празникот.

Нека е вечна борбата за Македонија.

Нека е жива Македонија.