НЕКОЈ МОРА ДА ПЛАТИ ЗА ПРОСЛАВАТА ВО СОЛУН: УЈП ќе ги казнува угостителите кои прикажале „нереална“ состојба за новогодишната вечер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за јавни приходи ќе врши контрола низ сите кафулиња и кафеани кои во текот на деновите со новогодишни прослави пријавиле мал промет.

Од УЈП велат дека констатирале нереални состојби на готовинскиот промет во угостителски објекти и во наредниот период ќе пратат инспекции во контрола, пренесува сдк.мк

-Од извршениот мониторинг и анализи на податоците од ГПРС системот на Управата за јавни приходи, евидентирани се нереални состојби на готовинскиот промет кај одредени објекти, особено имајќи предвид дека во периодот на новогодишните празници е зголемена потрошувачката кај определени дејности. Оттука, Управата за јавни приходи кај сите овие објекти ќе изврши и контроли на терен, велат од Управата за јавни приходи.

ИНСПЕКЦИИТЕ ДОЗВОЛИЈА ПУШЕЊЕ И НЕИЗДАВАЊЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ВО КАФАНИТЕ ВО ПРАЗНИЧНАТА ЕУФОРИЈА

Во деновите на празнична новогодишна еуфорија голем број од кафулињата и кафеаните низ Скопје не само што не издаваа фискални сметки, туку ретко каде се почитуваше законот за забрана на пушењето. Освен во најлонските тераси каде пушењето е дозволено, се пушеше и во затворените објекти на кафулињата, рестораните и дискотеките. Пазарниот инспекторат уште нема директор, а вработените два месеци немаат земено плата и нема кој да спроведе акција за контрола на објектите, пишува сдк.мк

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во деновите пред новогодишните празници инспектори имало на терен но нивната улога била превентивна односно им посочувале на угостителите дека законите мора да се почитуваат.

-Имаше превентивни контроли. На угостителите им беше посочено дека мора да се почитува законот за забрана на пушење односно во кои делови смее а во кои не смее да се пуши. Исто така беше посочувано дека мораат да се издаваат фискални сметки. Во неколку наврати имаше и казни. Ние како Влада работиме на измена на законот кој се однесува на пломбирање на објектите, односно ќе се изрекуваат само казни доколку законите не се почитуваат како што е законот за забрана на пушење, рече Заев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This