Нелоски: Бучковски и Заев ни ја прекројуваат историјата, не убедуваат дека Гоце Делчев не бил Македонец, дека бopците во народно оcлободителната бopба не биле yбиени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ рече дека ова власта кое денеска го прави нема да им помине.

– Денеска е денот кога Бучковски и Заев ни ја прекројуваат историјата, не убедуваат дека Гоце Делчев не бил Македонец, дека борците во народно ослободителната борба не биле убиени. Овде пред МНР за да ви порачаме дека нема да ви помине. Они на кои дедовците беа кметови кога тука во Македонија луѓе гинеа за слобода, а некои не убедуваа сега дека не гинеле и не се бореле туку биле администрирани. Истите тие денеска едни од нив молчат, а други се обидуваат да ги понижат луѓето кои ги дадоа своите животи за ние денеска слободно да се движиме. Еден таков Петре Шилегов вели дека ќе ги однесе спомениците на депонија, Петре дали ќе го однесеш и споменикот на Ченто, споменикот на АСНОМ, споменикот на Кузман Јосифовски Питу исто на депонија? Не, нема бидејќи ние како народ нема да ти дозволиме тоа, истакна Нелоски.

Нелоски во своето обраќање посочи дека додека власта крои планови да ги понижат оние кои дадоа живот за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да им оддава почит.

– Додека тие кројат планови како понатаму да ги понижат они кои ги дадоа своите животи за денешна Македонија да е таква каква што е, ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на сите оние кои се жртвуваа за нас, Ние денеска ќе им оддадеме почит на сите нив на Мирче Ацев, на Ченто, на Христијан Тодоровски Карпош но и на помладиот Ченто кој денеска е во зандана и им оддаваме почит на сите кои се бореа за слободна Македонија на Гоце Делчев, на Даме Груев, Питу Гули.

Тој на крај порача дека сето ова на власта нема да и помине.

– Јас ќе ви порача ова нема да ви помине. Борбата е долга и пред нас и знам дека сите вие со нас нема да се предадете и до последно ќе се борите за идеалите во кои верувате, додаде Нелоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This