дома КОВИД-19 (Коронавирус) Немало грешки во лекувањето: Инспекцискиот надзор не нашол слaбости во лекувањето на...

Немало грешки во лекувањето: Инспекцискиот надзор не нашол слaбости во лекувањето на 22 годишното момче од Битола кое пoчинa од ковид

Спроведениот вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на 22 годишното момче кое почина од ковид и во битолската болница во која тој беше хоспитализиран покажал дека немало неправилности во однос на водењето на медицинсктаа документација и здравствена евиденција за пациентот.

Во дописот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат стои дека на 28 октомври од страна на инспекторатот до министерот за здравство Венко Филипче е доставена Иницијативата за стручен надзор, после спроведените вонредни инспекциски надзори во здравствените установи каде пациентот е лекуван од Ковид-19. Како дел од иницијативата е и барањето на таткото, Борче Мицкоски за разгледување на целиот случај, кое било земено предвид и при надзорот од ДСЗИ.

Дарко Мицкоски почина на 15 октомври на инфективното одделение во Битола. Неговиот татко доставил документација до неколку институции со цел да се утврдат причините за смртта на неговиот син и евентуални недоследности и неправилности при неговото лечење.