Немал пари: Полицијата одзеде „Порше“, не било регистрирано 15 месеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовската полиција денес одзеде возило марка „Порше“ поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, информираат од СВР Тетово. Возилото ќе биде задржано на 90 дена.

Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово бележи дека откако стапија на сила измените во законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено околу 30 возила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This