дома Македонија НЕМАМ МАНДАТ ДА ПОДДРЖАМ ПРОМЕНА НА УСТАВ: Стевананџија порача дека ниту тој,...

НЕМАМ МАНДАТ ДА ПОДДРЖАМ ПРОМЕНА НА УСТАВ: Стевананџија порача дека ниту тој, ниту кој било од 120 пратеници немаат право да го менуваат името

Јас како Димитар Стевананџија пратеник од Прилеп немам мандат да поддржам промена на Устав бидејќи ниту еднаш во мојота програма ниту во 2014, ниту во 2016 кога сум го црпел легитимитетот од моите бирачи не сум им кажал дека ќе гласам за промената на името на Република Македонија, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во Собранието на комисиската расправа за имплементација на договорот со Грција.

Во своето обраќање тој потенцира дека сите 12о пратеници вклучувајќи ги и пратениците од СДСМ немаат мандат, немаат право да го менуваат името на Република Македонија , бидејќи тоа не ни е ветувано пред народот.

Имено пратеникот Стевананџија истакна дека на 30 септември народот одлуќи, но не се доволно 600.000 граѓани за да може да се смени Уставот на државата.

-Никој од моите колеги не го потенцираше полнењето кутии. Како е можно во 120 минути, односни на 4 секунди да гласа по еден гласач.Никој не потенцира како во 4 минути успееја гласачите да бидат наредени во колона и за 4 минути да се легитимираат со својата лична карта, да бидат најдени во избирачкиот списокот, да бидат прснати на палецот дека гласале, да одат позади паравнот , да гласаат да се вратат и да ја земаат својата лична карта.

Тој уште додаде и критика на самото прашање на референдумот кое било прашање каде со еден одоговор се одговарало на три прашања.