дома Занимливости Нема веќе неработни денови за македонските работници – ќе се чека до...

Нема веќе неработни денови за македонските работници – ќе се чека до април

Ако чекате неработен ден, ќе се изначекате до април. До тогаш нема ниту еден државен или верски празник.

Првиот е Велики Петок на 14 април, што значи дека ќе има цел споен продолжен викенд со оглед на тоа што и во понеделникот на 17 април нема да се работи. Тоа ќе бидат двата единствени неработни денови во април, а потоа, следат серија неработни денови во мај. Споен викенд за 1 мај, со оглед на тоа што празникот на трудот се паѓа во понеделник.