дома Македонија НЕМА ДАТУМ ПА БЛАГОДАРЕН Е ЗА РЕЗОЛУЦИИ: Европската Унија знае дека нашето...

НЕМА ДАТУМ ПА БЛАГОДАРЕН Е ЗА РЕЗОЛУЦИИ: Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство

Изразувам голема благодарност на Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно и припаѓаат на Европската Унија.

Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан.

Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука, пишува Зоран Заев на Фејсбук.