дома Спорт НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ?: Колп изјави дека не е сигурен дали...

НЕМА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ДОГОВОРОТ?: Колп изјави дека не е сигурен дали ќе остане во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е сигурен што ќе направи откако ќе му истече договорот со „црвените“. Наводно на Клоп му бил понуден нов повеќегодишен договор, меѓутоа Германецот одлучил да не го потпише затоа што сакал да паузира откако ќе му истече тригодишниот договор со клубот од „Енфилд“.


Фото МИА

Ако почувствувам дека повеќе не можам, тогаш ќе земам пауза од една година и тогаш ќе одлучам што ќе правам понатака. Имам еден голем пpоблем, а тоа е што не знам како да ја дозирам својата енергија. Или давам се од себе, или ништо, изјави Јирген Клоп.