дома Актуелно НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ КОЦКААТ СО ДРЖАВАТА: Груевски најави силна борба...

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА СЕ КОЦКААТ СО ДРЖАВАТА: Груевски најави силна борба против растурањето на државата!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска порача на секој кој сака да се коцка со државните и националните интереси, дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и кои се подготвени да се борат за истите.

-Продолжуваме, внимателно да ја следиме ситуацијата, да комуницираме со сите што е потребно, но укажуваме на секој кој што сака да се коцка со националните и државните интереси, дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и кои што се спремни да се борат за тие државни и национални интереси, рече Груевски.

Посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стои цврсто во било која ситуација на бедемот на одбраната на државните и националните интереси