дома Спорт НЕМА ДА ЗАМИНЕ ОД ИНТЕР: Икарди ќе остане во клубот уште една...

НЕМА ДА ЗАМИНЕ ОД ИНТЕР: Икарди ќе остане во клубот уште една сезона

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди размислил и се решил да остане во клубот и следната сезона. Аргентинецот беше на излезна врата од „Меаца“, но во Италија денес се пишува дека најверојатно ќе остане во тимот.

Новиот тренер Антонио Конте веќе објави дека нема да смета на него, па токму затоа и Ромелу Лукаку беше ангажиран како прв нaпaѓaч. Белгиецот го доби бројот 9, кој досега го носеше Икарди.

Нaпaѓaчот на „нероазурите“ беше поврзуван со Јувентус, но двата клуба не се договорија.

Икарди наводно го побарал бројот 7, а изненадувачки раководството на тимот му дозволија да го земе.