дома Спорт НЕМА ДА ИГРАМЕ СО КОСОВО: Им се зakaнува cycпензија, Македонија добива нов...

НЕМА ДА ИГРАМЕ СО КОСОВО: Им се зakaнува cycпензија, Македонија добива нов пpoтивник во баражот?

УЕФА и ФИФА можат да го суспендираат Косово на 1 до 5 години поради мешање на политика во спортот, евентуална казна ќе значи нов противник за Македонија во баражот за ЕВРО 2020 или директен пласман во финале.

Македонија на 26. март треба да игра со Косово во баражот од Лигата на нации за пласман на Европското првенство. Но „црвено-жолтите“ можат да добијат нов противник или директен пласман во финале бидејќи на Косово му се заканува суспензија од 1 до 5 години.

Локалните медиуми пишуваат дека големи се шансите УЕФА и ФИФА да реагираат и да изречат драконска казна поради мешање на политика во спортот.

Политичките партии прават обиди да го сменат првиот човек на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, ова се коси со правилата на УЕФА и ФИФА и случувањата се под лупа на европската и светската куќа на фудбалот.