дома Социјални Мрежи НЕМА ДА ИЗБЕГАТЕ: Овој срам што ни го приредивте ќе си го...

НЕМА ДА ИЗБЕГАТЕ: Овој срам што ни го приредивте ќе си го платите!

Професорката Тања Каракамишева на својот фејсбук профил со нов статус за договрото со Грција:

Се сеќавате ли кога Заев пред отприлика година и пол велеше дека кога ќе го реши проблемот со името тој заедно со сите негови министри, советници, професори и задоволни граѓани ќе чекореле гордо по булевар “Партизански одреди” и реки народ ќе му се придружувал од сите страни споделувајќи ја радосната вест?

Од чекорењето по булеварот нема ништо ама затоа три пати е зголемено постојното обезбедување на сите од власта! Сите министри заедно со Црпнатиот имаат повеќе обезбедување од Трамп, Путин и Макрон заедно! Зошто?
Па поради радосната вест што ни ја донесоа овие лешпери и криминалци!

Кај не сардисаа од сите страни, кај не опљачкаа по сите основи, кај го избербатија нашето достоинство, кај ги уништија македонскиот идентитет и историја, кај државата ја доведоа до ниво на јавна куќа кај што секој може да си влезе, да се послужи и да фрли некое евро кај Вицето, па уште и силни, ги слушаме секојдневно како врескаат на сите страни како класични психопати!

Мислат дека ако повеќе вреска онаа овца по сите телевизиски канали сите ќе попаѓаме од среќа и восхит!

МОРЕ МРШ ТАМУ, ФАТЕТЕ СИ ГО ПАТОТ ПОБРЗО, ОДЕТЕ СИ НА ВЕТЕНИТЕ ФОТЕЉИ ВО ООН, ВО НАТО, И ПО ШВАЈЦАРСКИТЕ КАНТОНИ!

Мислите не знае народот каде се си купивте имот, колку си ги натоваривте куферите, на какви се функции си ги стокмивте вашите “свилени и буржујски дупиња”!!!

Заради вашите болни умови и кариери по белосветските организации ЦЕЛ НАРОД ГО ФРЛИВТЕ НА КОЛЕНА!

НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ НИШТО!

ОВОЈ СРАМ ШТО НИ ГО ПРИРЕДИВТЕ ЌЕ СИ ГО ПЛАТИТЕ!

НЕМА ДА ИЗБЕГАТЕ!