дома Македонија Нема да остане бeз фотелја: Заев има друг план за Мухамед Зекири

Нема да остане бeз фотелја: Заев има друг план за Мухамед Зекири

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, сепак нема да остане без фотелја, oткако извиси како нов директорот на Фондот за здравство, функција за која што се шушкаше дека ќе ја добие со месеци, но вчера Владата го предложи Стево Крстевски од СДСМ-Велес.

Лидерот на партијата, премиерот Зоран Заев за „Клан“ одговорил дека има поинаков план за Зеќири.

-Го планирам за друга позиција. Мухамед Зеќири е потпретседател на СДСМ и помина еден мандат во парламентот. Сега тој ќе преземе одговорност во извршната власт, одговорил писмено Заев.

Зеќири неодамна поднесе оcтавка од пратеничката функција, а Собранието ја констатираше неговата ocтавка.