дома десерти НЕМА ДА ПPOМAШИТE: Сладолед од авокадо и лимета

НЕМА ДА ПPOМAШИТE: Сладолед од авокадо и лимета

За сите љубители на сладолед – одличен рецепт.

СОСТОЈКИ:

1 зрело авокадо, 250 мл слатка павлака, 250 гр густ јогурт, 4 лажици шеќерен сируп, 1 бурбон ванилин шеќер, 1 лимета.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Добро измиксајте авокадо со малку слатка павлака, а потоа разматете го остатокот од слатката павлака.

Додајте шеќерен сируп, густ јогурт, авокадо, ванилин шеќер, сок и кора од една лимета.

Сѐ добро измешајте, а потоа ставете во сад и оставете во фрижидер да замрзне. Сервирајте со малку свежо нане.

Уживајте!