дома Политика Нема ЕУ со политичари кои организираат гласање за 4 секунди и чии...

Нема ЕУ со политичари кои организираат гласање за 4 секунди и чии победи се добиени со помош на верски лидери

Устaвот е згaзен и секуларна Македонија е поpaзена од страна на Стево Пендаровски, Зоран Заев, Миле Зечевиќ и нивните соработници од СДСМ во изборните малверзацииреагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го посведочи лично поранешниот реиз Сулејман Реџепи кој кажа дека од СДСМ го молеле и им помогнал за изборите, а за тоа Реџепи од Пендаровски добил и лична благодарница со зборовите „Ова е твоја победа, не моја“., велат од партијата.

Дали е победата на Пендаровски или на Сулејман Реџепи, оставаме да истражи обвинитeлството, иако шансите за тоа се речиси невозможни бидејќи веројатно победата не е само на Реџепи и Пендаровски, туку и на Рускоска.

Но, чија и да е непобедата, јасно е кој е поразениот. Уставот на Република Македонија, еднаквоста меѓу граѓаните, демократијата, слободната изборна волја и европската перспектива на земјата. Оваа победа на Стево е пораз за граѓаните

Нема ЕУ со политичари кои организираат гласање за 4 секунди и чии победи се добиени со помош на верски лидери, а не со помош на програма, достоинствено претставување и фер битка.

Нема унапредување на соживотот со религиозни избори наместо со демократија и еднаква шанса за сите.

Непобедникот Стево треба да им се извини на сите граѓани на Република Македонија, да им објасни зошто неговата победа била победа на поранешниот реиз Сулејман Реџепи и да поднесе одговорност. Македонија заслужува демократија и претседател избран од граѓаните, а не избран со партиските мешетарења со верски лидери, поткуп и повреда на гласачките права.