дома Балкан Нема задолжителна вакцинација за здравствените работници во Грција

Нема задолжителна вакцинација за здравствените работници во Грција

Панхеленската организација на вработени во државните болници (ПОЕДИН) го извести Министерството за здравство, внатрешни работи, труд и финансии дека е донесена одлука дека здравствените работници нема да мора да се вакцинираат.
ПОЕДИН наведува дека условот на персоналот да покаже сертификат за вакцинација „го повредува индивидуалното право на заштита на податоците и особено чувствителните здравствени податоци на вработените“, пишува „Катимерини“.
Рокот за вакцинација на вработените во домови за стари и изнемоштени лица истекува за 10 дена, а во државните болници, од чии администрации е побарано да состават список на вакцинирани и невакцинирани, рокот истекува за 25 дена, пренесува Танјуг.