дома Политика НЕМА ИЗБОРИ БЕЗ ОБСЕ-ОДИХР: Села смета дека не смее да се...

НЕМА ИЗБОРИ БЕЗ ОБСЕ-ОДИХР: Села смета дека не смее да се дозволат избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР

Државата не може да си дозволи да одржи избори без присуство на наблудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР, изјави претседателот на Алијансата за Албаците, Зијадин Села, по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

Пред новинарите, Села истакна дека на овој состанок со лидерите на политичките партии и претседателот опширно дискутирале за ситуација со ковид-19 и заедно се договориле датумот на изборите да го одредат со консензус.

– Државата ќе се обрати до оваа меѓународна институција за да ја види нивната подготвеност и времето кога тие може да ја пратат нивната набљудувачка мисија. Истовремено потребни се советувања со Државната изборна комисија, во врска со изборите. Во почеток на идната недела се договоривме да имаме нов состанок кај претседателот со цел да се договориме за финалната дата за изборите заедно и со консезус – изјави Села.