дома Македонија Нема куќа, нема стан – Дескоска за жалење

Нема куќа, нема стан – Дескоска за жалење

Рената Дескоска од редовите на СДСМ е предлогот за нов министер за правда. Ова е имотот кој таа го пријавила во Државната комисија за спречување на корупција, кога станала министер за образование и наука, пренесува еМагазин.

Како што може да се забележи, таа на свое име нема ниту куќа, ниту стан, а таков имот не поседува ни нејзиниот брачен партнер, ниту пак некој близок од семејството.

Таа на свое име пријавила само хонорари и сметки од банка, но не дала податок за сумите.

На име на брачниот партнер пријавила возило Ланос, проценето на 100 илјади денари, како и заедничко возило, Мазда проценето на 400 илјади денари, а како заеднички имот пријавила и накит проценет на 600 илјади денари.