дома Свет НЕМА МНОГУ РАБОТИ КОИ МОЖАТ ДА ГО СПРЕЧАТ ТРАМП: Републиканскиот кандидат пред...

НЕМА МНОГУ РАБОТИ КОИ МОЖАТ ДА ГО СПРЕЧАТ ТРАМП: Републиканскиот кандидат пред историска победа во САД!

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп досега освои 222 местa во Изборниот колеџ, а неговиот демократски противкандидат Хилари Клинтон сега победи и во Колорадо и Калифорнија, па бројката се зголеми 202, јавува Фокс Њуз врз основа на проекциите од првичните резултати од претседателските избори во САД.

Покрај ова, Трамп има водство и во Северна Каролина, Мичиген, Њу Хемпшир, Висконсин, Аризона, Џорџија, Ајова, Невада и Јута, додека Клинтон води во Пенсилванија и е пред победа во Вирџинија.Доколку успее да ја задржи предноста, Доналд Трамп ќе стане претседател на САД.