дома Религија Нема молитва на цел глас: Саудиските власти забpaнија гласни молитви во џамиите

Нема молитва на цел глас: Саудиските власти забpaнија гласни молитви во џамиите

Саудиските власти ја ограничија гласноста на молитвите во џамиите, откако јавноста поднесе жалба против гласната молитва што доаѓа од џамиите.

Министерството за исламски работи на земјата минатата недела објави дека сите говорници треба да бидат поставени на третина од максималната гласност, што е конкретен одговор на жалбата на јавноста, рече министерот за исламски работи, Абдулатиф ал-Шеик, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, во конзервативната муслиманска земја, овој потег предизвика реакција, особено на социјалните мрежи, каде хаштагот за забрана за гласна музика во кафулињата и рестораните станува сè попопуларен.

Според министерот Шеик, во поплаките имало и родители кои се жалат дека гласните молитви од џамиите им го нарушуваат спиењето на децата, а во видеото прикажано на државната телевизија, тој нагласил дека оние што сакаат да се молат не треба да го чекаат повикот на имамот.

Според Танјуг доаѓаат ограничувања, додека престолонаследникот Мохамед бин Салман се обидува да ја направи Саудиска Арабија полиберална и да ја намали улогата што ја има религијата во јавниот живот.