дома Балкан Нема ниту еден нов случај со коронавирус во Хрватска

Нема ниту еден нов случај со коронавирус во Хрватска

Нема ниту еден нов случај со коронавирус во последните 24 часа во Хрватска каде од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 2.249 лица, објави Штабот за цивилна заштита.

Досега се тестирани 69.606 лица, од кои 257 во последните 24 часа. Седум лица се во болница, а ниту еден пациент не е на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2.132 пацинети. Од нив 828 се отпуштени од болница, а 1.311 биле на домашно лекување. Досега починале вкупно 106 лица.

Штабот објави дека од 15 јуни ќе биде можно да се одржуваат спортски натпревари во присуство на гледачи, со препораки од Хрватскиот завод за јавно здравје.