дома Македонија НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ: Тоа влијае на бизнис-заедницата

НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ: Тоа влијае на бизнис-заедницата

Ние имаме договор за изборите, ние сме луѓе кои седат, разговараат, анализираат и се договараат. Единствениот договор на првата лидерска средба, на која дадовме легитимитет, беше договор за избори. За тоа добивме толкување и од луѓе во кабинетот на претседателот, експерти дека може до тогаш да се заврши правно се во врска со членството во НАТО. И така се согласивме за избори и кога да бидат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на кумановската телевизија Плус, а коментирајќи го ставот на Зоран Заев дека може да се одложат изборите поради процесот за зачленување на Македонија во НАТО.

Сепак Заев, по овој коментар за одложување на изборите, рече дека ќе има време да се заврши се со постапката за НАТО и изборите да бидат распишани на 11 февруари, а да има избори на 12 април, рече Мицкоски.

Мицкоски пак, јасно укажа дека на 3 јануари треба да има техничка влада, потоа на 11 февруари распишување на изборите, а на 12 избори во земјава, пи што ќе следи обновата.

Политиката не можеме да ја претвориме во желба на луѓе. Одлуката за избори влијае на многу нешта, на бизнис заедницата, на нивните планови, не може да се однесувате така несериозно. Кога Заев беше опозиционер се одлагаат изборите во 2016 година во неколку наврати, не можеме сега истите грешки да ги правиме. Сега се договоривме како ќе тече процесот и кога ќе има избори. Ако не е така се доведуваат во прашање многу работи, посочи Мицкоски.