Нема прегласување во Желино, Управниот cyд ја прифати тyжбата на Движењето Беса

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино, потврдија за МИА од судот. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување на вториот круг, според што, за градоначалник е избран кандидатот на Беса, Блерим Сејди.
Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот.
ДИК во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ и реши да биде повторено гласањето во Желино, по што Беса поднесе тужба до Управниот суд.
По одлуката на ДИК, генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека, како што наведе, „им забиле нож во грб со приговорот за Желино“ и оти со тоа се доведува во прашање владината коалиција.
Неколку дена претходно, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, Хоџа рече дека Беса останува во владината коалиција, но потоа одлучи да се приклучи на Иницијативата на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This