дома Локално НЕМА ПРИЕМЕН ИСПИТ ВО „ОРЦЕ НИКОЛОВ“: Сите полуматуранти ќе бидат примени без...

НЕМА ПРИЕМЕН ИСПИТ ВО „ОРЦЕ НИКОЛОВ“: Сите полуматуранти ќе бидат примени без квалификационен тест

Учениците кои конкурираат за упис во средно образование, во скопската гимназија „Орце Николов“ нема да полагаат приемен испит, туку сите ќе бидат распределени во деветте постоечки паралелки.

– „Сите одлични ученици кои сакаат да се запишат во гимназијата „Орце Николов“ ќе бидат примени без дополнително полагање приемен испит и ќе бидат распределени во деветте паралелки“, вели министерот Арбер Адеми за „Независен весник“.

Полуматурантите не сакаа да се откажат од нивната одлука да бидат запишани во гимназијата, затоа што училиштето нуди квалитетно образование и е во близина на нивното место на живеење иако имаше 404 пријави, а во училиштето со конкурсот предвидено е да се запишат 285 ученици во девет паралелки.