дома Македонија Нема притвор за соработникот на Спасовски

Нема притвор за соработникот на Спасовски

Нема притвор за советникот на Оливер Спасовски. С.Д. кој вчера беше приведен во полициската станица во Кисела Вода, а за кој денеска МВР излезе со детали, добил мерки на претпазливост.

Соработникот на министерот за внатрешни работи остана без пасош, треба да се јавува на суд и веќе нема да оди на работа.

Претходно министерот Спасовски на прес-конференција истакна дека ќе има нула толеранција за криминал.